Откако електронскиот систем за сообраќајни прекршоци “Безбеден град“ деновиве се тестираше во Скопје, Тетово и Куманово, денеска истиот се тестира и во Охрид.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) таму се врши тестирање, калибрација и верификација на камерите на автопатот Охрид – Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, во Општина Дебрца.
Системот треба да стартува со работа на 1. февруари.










