Денес во Општина Пробиштип се одржа јавна презентација на Предлог-програмата за поставување урбана опрема за 2026 година. Градоначалникот Тони Тоневски им се заблагодари на сите присутни граѓани и претставници на правни субјекти за покажаниот интерес и за доставените забелешки и мислења.

Со усвојувањето на Програмата од страна на Советот на Општина Пробиштип, ќе се утврдат конкретни локации, критериуми и услови за поставување урбана опрема. Тоневски истакна дека со овој чекор ќе се воспостави ред и ќе се обезбедат еднакви можности за сите граѓани и компании на територијата на општината.
Градоначалникот нагласи дека Програмата претставува важен инструмент за уредување на јавниот простор и подобрување на условите за живеење и работа во Пробиштип.










