петок, април 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Уапсен македонски државјанин за тројното убиство кое ја потресе Македонија во 2007 година

by Redakcija
27.01.2026
in Црна Хроника

Државјанин на Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница за тројно убиство во земјава е уапсен во Тирана, Албанија по неколкумесечна интензивна истрага и претрес спроведена од полицијата.

Станува збор за 52-годишниот Бесим Ш., кој долго време се криел во Тирана користејќи фалсификувани лични документи на име на граѓани од Косово.

Апсењето го извршила тамошната Дирекција на силите за специјални операции при Одделот за криминалистичка полиција, како дел од 80-тата фаза од полициската операција со кодно име „Оперативна полиција“, пренесува приштински „Репортери“.

Според наведеното, Б.Ш. е осомничен дека убил тројца граѓани со огнено оружје на 5 октомври 2007 година во селото Копаница, скопско.

За време на физичкиот претрес и претресот на станот на македонскиот државјанин, албанската полиција пронашла и запленила косовски пасош, лична карта и возачка дозвола – сите фалсификувани.

Поради кривичното дело „Фалсификување исправа“, процесните материјали се проследени до Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана за понатамошна постапка.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопјe, ја продолжува постапката за екстрадиција на Б.Ш. во Македонија.

Извор: newz24live

Related Posts

Бегство од затвор – Полицијата во акција

03.04.2026

Велешанец жртва на измама од лажен полициски инспектор

02.04.2026

Две лица со тешки телесни повреди откако биле удрени од возила во Тетово

02.04.2026

Шест лица приведени во Скопје – Полицијата со детали

02.04.2026

Сообраќајка со полицискo возило: Повреден возач пренесен во „Мајка Тереза“

02.04.2026

Голема полициска акција: Осомничен е и познат водител за злоупотреба на малолетници

02.04.2026

Препорачани Вести

Тензии во Владата пред реконструкцијата поради разрешувањето на министрите

Тензии во Владата пред реконструкцијата поради разрешувањето на министрите

2 месеци ago
Србија со план за свој мал модуларен нуклеарен реактор

Србија со план за свој мал модуларен нуклеарен реактор

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Bitola Whiskey Fest: Премиум виски селекција и дегустации

    Bitola Whiskey Fest: Премиум виски селекција и дегустации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цените на храната глобално растат поради конфликтот на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цените на билетите за финалето на Светското првенство достигнаа рекордни 10.990 долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Укинете ги санкциите против Русија“: Орбан алармира на енергетската и економската криза во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семос Едукација ги награди младите информатичари со ваучери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.