Технологискиот гигант „Гугл“ се најде во судски проблеми откако корисници го обвинија дека „Гугл асистент“ ги шпионирал нивните приватни разговори на паметните телефони и ги користел за таргетирани реклами. Според поднесената тужба, ова се случувало од 18 мај 2016 година.
Компанијата ги негира обвинувањата, но сепак постигна спогодба за да избегне долготрајни судски процеси и големи трошоци. Документите за договорот се пред судијката Бет Лабсон Фримен во Федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, која треба да одлучи дали ќе го одобри.
Ако спогодбата биде потврдена, засегнатите корисници ќе добијат финансиско обесштетување. Дел од фондот, околу една третина, ќе отиде за судски трошоци и хонорари на адвокатите, што изнесува приближно 22 милиони долари.










