Зоолошка градина во Скопје ја збогати својата колекција со најмалите мајмуни на светот – две џуџести мармозети, кои се родија пред неколку денови. Овие ретки примати, тежини кои не надминуваат 100 грама, се толку ситни што тешко можат да се забележат со голо око.
Новороденчињата постојано се гушнати на грбот на својата мајка, додека целата група активно учествува во нивната грижа – типично социјално однесување за овој вид. „Поради нивната големина, сè уште се тешко забележливи, но нивната мајка и останатите членови на групата постојано се грижат за нив“, велат од Зоолошката градина.
Родените мармозети доаѓаат во годината кога ЗОО Скопје слави голем јубилеј – 100 години од своето основање. Во октомври 1926 година, биологот Станко Караман ја постави темелите на градината во Градскиот парк во Скопје. Неговата визија, за времето навистина прогресивна, беше Зоолошката градина да биде место за едукација, научен пристап и хуман однос кон животните – принципи што и денес го водат работењето на установата.
Со овој нов додаток, ЗОО Скопје не само што ја збогати својата флора и фауна, туку и ја потврди својата улога како современ центар за заштита, едукација и истражување на животинскиот свет.










