Wednesday, January 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Најобилни дождови во Демир Капија и Штип, Берово се разбуди со -5°C

by Simovski
28.01.2026
in Македонија
dozd

Најобилни врнежи во последните 24 часа беа регистрирани во Демир Капија и Штип, каде наврнаа по 6 литри дожд на квадратен метар. Следат Радовиш, Пожар, Кавадарци и Виница со 4 литри, Струмица со 3, додека во Прилеп, Берово паднаа 2 литри, а во Крива Паланка, Крушево, Битола, Тополчани, Велес и Попова Шапка – по 1 литар на квадрат.

Минусните температури го обележаа утрото. Најстудено беше во Берово со -5°C, додека Попова Шапка измери -4°C. Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, Тетово, Струмица и Битола се разбудија со -3°C, додека Штип, Прилеп и Демир Капија бележат -2°C. Во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Крушево, Маврови Анови, Ѓуриште, Пожаране, Виница, Гевгелија и Претор термометрите покажуваа -1°C, а Тополчани и Охрид останаа на нула степени. Попова Шапка се истакна и со снежна покривка од 30 сантиметри измерена до 7 часот наутро.

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека денешниот ден ќе биде претежно облачен. Вечерта и ноќта облачноста ќе се зголеми и врнежи ќе има најпрвин во западните региони, а подоцна насекаде, додека повисоките планини ќе бидат побелени со слаб снег. Слаб до умерен јужен ветер ќе донесе мало олабавување на студот, а максималните температури ќе се движат од 6 до 10°C.

Во Скопје, облачното небо ќе биде придружено со повремен дожд попладне, а јужниот ветер ќе дувa слаб до умерено. Претпладне температурата ќе се искачи до околу 7°C.

Next Post
sijarto

Сијарто предупредува за економски и безбедносни ризици со внесувањето на Украина во ЕУ

Општина Карпош со барање до Град Скопје за соработка во уривањето на дивоградбите

Општина Карпош со барање до Град Скопје за соработка во уривањето на дивоградбите

Препорачани Вести

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“

11 months ago

Букбокс интервју со Андреј Цветановски по премиерата на „Црно семе“: „Ако ние не ги раскажеме нашите приказни, нема да има кој“

9 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.