Wednesday, January 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски на средба со хрватскиот вицепремиер Бутковиќ околу проблемот со превозниците

by Simovski
28.01.2026
in Македонија
nikoloski butkovic

Утрово во Загреб, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, утрово оствари работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На средбата, која ја потврди високата динамика и пријателскиот карактер на билатералните односи меѓу Македонија и Хрватска, главна тема беше решавањето на предизвиците во транспортниот сектор.

Николоски истакна дека новиот систем за електронска евиденција во земјите од Шенген зоната создава значителни пречки за македонските и регионалните превозници. Тој нагласи дека проблемот не се однесува само на Западен Балкан, туку го засега и европскиот бизнис кој инвестирал во регионот и е извозно ориентиран кон пазарите на ЕУ. Во тој контекст, заменик-претседателот побара цврста поддршка од Хрватска за изнаоѓање на соодветно решение на ниво на Европската унија, кое ќе ја олесни работата на транспортните компании.

Покрај транспортните предизвици, двајцата лидери разговараа и за продлабочување на соработката во железничкиот сектор. Особено беше потенцирана можноста за набавка на нови возови и локомотиви, како и за модернизација на возниот парк на МЖ Транспорт.

Средбата ги отвори и прашањата за економската и трговската соработка. Двајцата вицепремиери посочија на можностите за учество на хрватски компании во инфраструктурни проекти во Македонија и го нагласија значењето на интензивирање на економските врски.

Во текот на денот, Николоски ќе ја продолжи работната посета со средби со претседателот на Стопанската комора на Хрватска, претставници на бизнис секторот и членови на хрватското Собрание, со цел дополнително да се зајакнат економските и политичките врски меѓу двете земји.

Next Post
severna koreja

Северна Кореја го демонстрира новиот систем за ракети со долг дострел

makedonija eu

Македонците ја враќаат довербата во ЕУ: Пораст на поддршката од граѓаните за членство

Препорачани Вести

Тринаесетгодишно девојче претепано од таткото и братот – заврши во болница

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом

4 months ago

Физичка пресметка во Карпош: Приведен 36-годишник, повредени двајца при обид да го смират конфликтот

7 months ago

Популарни Вести

  • Трамп го зголемува притисокот врз Техеран: САД испраќаат „огромна“ армада кон Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тројца осомничени за шверц на 150 килограми марихуана – полициска акција во близина на Свети Николе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриени сопственици, откриени лажни изјави: Регистарот што институциите не го користат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две нови џуџести мармозети се родија во зоолошката градина во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите судски закони во Србија можат да го кочат патот кон европската интеграција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.