Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Сикорски со апел до Маск: Спречи ја Русија да го користи „Старлинк“ против Украина

by Simovski
28.01.2026
in Свет
Сикорски со апел до Маск: Спречи ја Русија да го користи „Старлинк“ против Украина

Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски, јавно го повика Илон Маск да интервенира и да спречи Русија да ги користи сателитите „Старлинк“ во воени напади врз Украина.

„Еј, голем човеку @elonmusk, зошто не ги спречиш Русите да го користат „Старлинк“ за да напаѓаат украински градови?“, напиша Сикорски на својата сметка на социјалната мрежа X, пренесе „Укринформ“. Тој предупреди дека профитирањето од воени злосторства може сериозно да ја наруши репутацијата на компанијата.

Апелот до Маск доаѓа по извештајот на Институтот за проучување на војната (ISW), кој алармира дека руските сили сè повеќе користат сателитските системи на „Старлинк“ за да го зголемат дострелот на беспилотните летала BM-35. Овие дронови, со опсег до 500 километри, можат да покријат речиси цела Украина, цела Молдавија и делови од Полска, Романија и Литванија доколку бидат лансирани од руска или окупирана украинска територија.

Сикорски го истакнува ризикот дека технологијата која создадена за цивилни и комерцијални цели, всушност може да се претвори во инструмент за напади врз цивилни населби, со што се отвора прашање за етичката одговорност на технолошките гиганти во современите конфликти.

Next Post
mete frederiksen

Фредериксен: „Светскиот поредок што го познаваме е завршен“

Тоневски: Делото на Преподобен Гаврил Лесновски е трајна инспирација за духовните вредности

Препорачани Вести

Пановски: Ентеробактерија не значи труење – најверојатно станува збор за цревна инфекција

2 months ago
Gmail ја добива можеби најкорисната функција досега

Gmail ја добива можеби најкорисната функција досега

8 months ago

Популарни Вести

  • Пронајден мртов политичар во Приштина, полицијата започна истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Целта на „Безбеден град“ не е казнување, туку спасување животи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран порачува: Отворени сме за разговори, но подготвени и за одбрана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Суспензија за агентите вмешани во убиството на Алекс Прети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот суд во Црна Гора ја укина забраната за работа на продавниците во недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.