Wednesday, January 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Запленети 150 килограми марихуана во голема полициска акција

by Redakcija
28.01.2026
in Црна Хроника

Три лица од Скопје се уапсени откако полицијата и Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пресекле транспорт на 150 килограми марихуана.

Акцијата се реализирала на 26 јануари на регионалниот пат близу Свети Николе, кога полицијата запрела шлеп-возило кое превезувало патнички автомобил полн со дрога.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, по претходно добиени информации, го следел транспортот и навреме интервенирал. При контрола на „опел комбо“ шлепуван автомобил, полицијата пронашла осум торби со 50 пакувања марихуана, сместени во багажникот и на задната клупа.

Според истрагата, возилото било купено во Струга специјално за транспорт на дрогата, но поради техничка неисправност било ангажирано шлеп-возило за транспортот кон Скопје и Свети Николе. Двајца од осомничените се движеле како „претходница“ во друго возило.

Форензичката анализа потврдила дека станува збор за 150 килограми марихуана. Јавен обвинител од ОЈО ГОКК веднаш отвори истражна постапка против тројцата осомничени за неовластено производство и трговија со дрога. Поради опасност од бегство и влијание врз постапката, обвинителот побарал и добил притвор за осомничените.

Next Post

Милановиќ за Одборот за мир и Пленковиќ: „Се обиде да ме добие по 100 години, не можев да се јавам“

Кремљ: Путин е отворен за средба со Зеленски во Москва

Препорачани Вести

Вознемирувачки снимки од пожарот во ресторан во Кина – загинаа 22 лица

9 months ago
pari

Вработување со средно во Тетово: Плата 29.000 денари плус бонуси

10 months ago

Популарни Вести

  • Над 60 граѓани фатени на дело со вечерно фрлање отпад платиле по 50 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Товарниот сообраќај во Србија застанува: 18 премини блокирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Илон Маск најавува технологија која ќе им врати вид на целосно слепите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германските власти извршија претрес во Дојче Банк поради сомнежи за перење пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кремљ: Путин е отворен за средба со Зеленски во Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.