На 28.01.2026 во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Т.Г.(27) од Р.Турција, поради тоа што при извршена гранична контрола констатирано е дека на увид приложил фалсификувана турска возачка дозвола, а истиот допатувал со патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.









