Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

by Redakcija
29.01.2026
in Република, Топ Вести

Советот на Општина Битола денес ја одржува 5-та редовна седница на која се започна со примената на новиот електронски систем за гласање и на пленарните седници. Претседателот на Советот, Бојан Бојкоски, истакна дека со ова Битола станува прв пример во земјата за воведување на електронско гласање на општинско ниво.

„Со воведувањето на новиот електронски систем за гласање, граѓаните и советниците конечно имаат целосен и прецизен увид во работата на Советот. Секој граѓанин може да види кој советник бил присутен на седницата и како гласал за секоја точка од дневниот ред. Гласањето јавно се прикажува на монитор во салата, а како дел од записникот има детален извештај од секое гласање, кој се архивира и е достапен за јавноста“, објасни Бојкоски.

Тој нагласи дека ова е значителен напредок во транспарентноста и отчетноста на работата на Советот. Додаде дека во минатото записниците покажувале само бројки – колку гласале „ЗА“, „ПРОТИВ“ или „ВОЗДРЖАНИ“ – без можност да се види кој советник како гласал. Со новиот систем, таа нејаснотија станува минато.

Воведувањето на електронското гласање се гледа како чекор кон поголема транспарентност и засилена доверба на граѓаните во работата на локалната самоуправа.

Препорачани Вести

Шокантна изјава на бившиот шеф на украинската војска Залужни

8 months ago
ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

ДУИ: Јавното обвинителство е дефинитивно заробено

8 months ago

Популарни Вести

  • Битола воведува електронско гласање во Советот – прв пример во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слукан: Западен Балкан е еден од најдинамичните пазари со висок раст за Binance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Хрватска е силен поддржувач на македонската европска перспектива

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ски сезоната на Копанки започнува оваа недела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Платите лани се покачија за 9,2% – Славески вели дека околу растот на платите треба одговорно планирање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.