Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари серија билатерални средби со амбасадорите на Австрија, Украина, Литванија и Народна Република Кина, на кои се разговараше за унапредување на соработката во енергетскиот сектор.

Во фокусот на разговорите беа енергетската транзиција и одржливите решенија, можностите за потенцијални инвестиции и обезбедување експертска поддршка, како и развојот на проекти за чиста, праведна и стабилна енергија.

Божиновска истакна дека меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се од клучно значење за обезбедување безбедна и одржлива енергетска иднина за државата. Според неа, заедничките напори ќе придонесат кон изградба на стабилен енергетски систем кој ќе обезбеди еколошка, економска и социјална одржливост.







