На 28 јануари 2026 година во 21:00 часот, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К. (37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Според информации од полицијата, истиот околу 18:00 часот во еден продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.









