Friday, January 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Коњановски: Ален Рустемовски од Битола е спортист на годината во Македонија

by Redakcija
29.01.2026
in Спорт

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на манифестацијата „Спортисти на годината 2025“, на која двајца спортисти од Битола добија највисоки национални признанија. На настанот, заедно со секретарот на Општина Битола Борче Димитровски и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, Коњановски им честиташе на добитниците за нивниот успех.

Боксерот Ален Рустемовски беше избран за спортист на годината во Македонија, додека Адријан Рустемовски ја доби наградата за млад спортист на Македонија. Со овие признанија, Битола уште еднаш ја потврди својата улога како значаен спортски центар во државата.

Коњановски истакна дека ваквите успеси се резултат на континуираната поддршка за спортот, посочувајќи дека изградбата на боксерската сала е вистинска и долгорочна инвестиција на Општина Битола во младите и во спортската инфраструктура.

Годинава, по 71 пат беа доделени наградите за најдобрите спортисти, тренери и екипи во Македонија за 2025 година, а во рамки на настанот беа доделени и 500 стипендии „Спортска надеж“.

Манифестацијата беше организирана од Министерството за спорт и Сојузот на спортски федерации на Македонија.

Препорачани Вести

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

9 months ago

Прекин во водоснабдувањето во Тетово поради дефект на водоводна мрежа

2 months ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Ален Рустемовски од Битола е спортист на годината во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Василевска: Советот на Европа потврди напредок во демократијата и човековите права во Македонија (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физички напад во Скопје: полицијата приведе 37-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дел од Тетово утре без електрична енергија поради планиран прекин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По евентуален американски удар врз Иран: Би-Би-Си предвидува седум можни сценарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.