Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

by Redakcija
29.01.2026
in Република

Националниот парк „Шар Планина“ информира дека на територијата на паркот имало лавина, но немало затрупани луѓе. 

Како што велат, поради специфична комбинација на временски услови, вклучувајќи ги температурата на воздухот, правецот и јачината на ветерот и снежните врнежи во изминатите неколку дена, а сето тоа во комбинација со релјефните карактеристики на теренот, се создаваат услови за нестабилност на снежната покривка и за појава на лавини.

„По добиена дојава од операторот за слободно скијање со ратраци ‘Ескимо спорт‘ за забележана лавина на подрачјето на паркот, екипа на НП ‘Шар Планина‘ излезе на терен и изврши увид на локацијата. 

Претходно, екипа на ‘Ескимо спорт‘ извршила пребарување на лавинскиот терен со употреба на лавински уреди, при што е констатирано дека во лавината нема затрупани лица кои со себе поседуваат лавински уреди, а до овој момент нема пријави за исчезнати лица“, велат од НП „Шар Планина“.

Паралелно со теренскиот увид, стручен тим од образовна институција специјализирана за безбедност во планинскиот туризам спроведе експертска анализа на стабилноста на снежната покривка. Притоа била утврдена лавинска опасност од степен 4, според европската скала за оценување на лавинскиот ризик. На таа скала, степенот 5 означува многу висок ризик од лавина.

Националниот парк „Шар Планина“ апелира до сите посетители да ја стават личната безбедност на прво место и да придонесат кон безбедно, одговорно и одржливо користење на планината.

Next Post

Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

Дивоградба на државно земјиште без одобрение - Полицијата интервенирала

Препорачани Вести

Мицкоски му одговори на бугарското МНР за Уставот и Македонците во Бугарија: ТУКА СМЕ ДА ЈА КАЖЕМЕ ВИСТИНАТА

11 months ago

Уапсени изнудувачи: Падна рекетарска мрежа поврзана со познати криминални кланови

6 months ago

Популарни Вести

  • Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор Муцунски–Кос: Решенија за транспортните оператори и напредок во евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Шар Планина се случила лавина од ЧЕТВРТИ СТЕПЕН на опасност – до овој момент нема пријави за исчезнати лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Агресивно однесување при полициски претрес: Лишен од слобода 35-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Меѓународните партнерства клучни за одржлива енергетска транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.