Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

by Simovski
29.01.2026
in Црна Хроника

Две одделни сообраќајни несреќи, предизвикани од возачи под силно дејство на алкохол, резултираа со приведувања во Струга и во Тиквешкиот регион.

Рано утрово, на регионалниот пат меѓу Неготино и Кавадарци, полициски службеници интервенирале откако патничко возило излетало од коловозот. Зад воланот се наоѓал 29-годишен жител на селото Глишиќ, кој управувал „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки. При контролата било утврдено дека возачот бил во тешка алкохолизирана состојба – алкотестот покажал дури 1,96 промили алкохол во крвта. Тој веднаш бил лишен од слобода.

Ден претходно, сличен инцидент се случил и во Струга. На улицата „Пролетерски бригади“, 36-годишен стружанец, управувајќи „ауди“, удрил во паркирано возило „мерцедес“, сопственост на 23-годишен жител на селото Франгово. По извршените проверки, полицијата констатирала дека возачот имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил приведен и задржан во полициска станица.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на двата случаи, против возачите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик, за делото „безобѕирно управување со моторно возило“.

Next Post
TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

Препорачани Вести

Мистериозните зборови на Тито непосредно пред неговата смрт: Сите занемеле кога ги слушнале

Мистериозните зборови на Тито непосредно пред неговата смрт: Сите занемеле кога ги слушнале

9 months ago

Тетово под надзор: Камерите за сообраќај ќе се тестираат утре

5 days ago

Популарни Вести

  • aleksandar nikoloski

    Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.