Поради изведување технички зафат на водоводната мрежа, денеска ќе дојде до прекин на водоснабдувањето во дел од Општина Центар. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, на улицата „Титотвелешка“ б.б. се врши поставување нов водоводен приклучок со пречник од 200 милиметри, поради што жителите на населбата Маџир Маало ќе останат без вода.
Исклучувањето ќе започне во 9:30 часот, а нормализацијата на снабдувањето се очекува веднаш по завршување на планираните работи. Надлежните апелираат до граѓаните за разбирање и навремено да се подготват за привремениот прекин.









