Проф. д-р Тања Каракамишева – Јовановска, редовен професор на катедрата по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и поранешен член на Венецијанската комисија, е ангажирана како советник за човекови права и владеење на правото во Кабинетот на Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Веста ја соопшти самата професорка преку објава на социјалните мрежи, каде што напиша:
„Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото“.
Линкот може да го погледнете тука: https://www.facebook.com/share/p/1KftPpLDCa/?mibextid=wwXIfr
Фотографијата е преземена од фејсбук профилот на професорката.










