Thursday, January 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Скопје ќе ги добие првите гробишта за миленици: Институциите најавуваат решавање на децениски проблем

by Simovski
29.01.2026
in Скопје
kucinja

Скопје наскоро ќе добие први гробишта за миленици, иницијатива која ја поднесе Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и која доби зелено светло од клучните институции. По состанокот на кој присуствуваа министерот за локална самоуправа Перински, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и претставници на ЗЕЛС, беше најавено дека наскоро ќе започне дефинирањето на локациите и изградбата на инфраструктурата за оваа потреба.

Министерот Перински ја истакна важноста на проектот: „Ова ќе значи крај на децениската практика милениците по смрт да се фрлаат со комуналниот отпад или да се закопуваат на несоодветни јавни места. За да се постигне ова, ќе биде потребна и соодветна измена на законските решенија.“

Ѓорѓиевски потенцира дека општините ќе имаат клучна улога во проектот, преку обезбедување на соодветни локации и вградување на потребната инфраструктура. Тој исто така нагласи дека општинските инспектори и комунални редари ќе бидат активно вклучени во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Соговорниците на состанокот се согласија дека воспоставувањето систем на прифатилишта за бездомни животни во секоја локална самоуправа е неопходно за долгорочно решавање на проблемот.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, посочи дека предлог-законот веќе ги содржи забелешките на здруженијата за заштита и благосостојба на животните и дека предлозите на општините ќе бидат внимателно разгледани. „Како одговорна институција, АХВ ќе им излезе во пресрет на локалните самоуправи и ќе помогне во техничките прашања поврзани со контрола на популацијата на бездомни кучиња, согласно нашите можности и надлежности“, рече Миланов.

Next Post
Сериозни злоупотреби во болницата во Прилеп – п однесено обвинение

Сериозни злоупотреби во болницата во Прилеп - п однесено обвинение

24Инфо: Финансиска полиција со кривична пријава за првиот регулатор Бислимовски

Препорачани Вести

Во Газа влегоа 87 камиони со хуманитарна помош – за преживување, потребни се 500 камиони на ден

Во Газа влегоа 87 камиони со хуманитарна помош – за преживување, потребни се 500 камиони на ден

8 months ago
gordana kocoska

Димитриеска Кочоска: 600 милиони денари дополнителни средства за општински инвестиции во 2025

7 months ago

Популарни Вести

  • aleksandar nikoloski

    Николоски со убави вести за македонските професионални возачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полска масовно купува злато и покрај растот на цените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лукоил Македонија се продава на американската Карлајл Груп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • TESS го документира патувањето на меѓуѕвездната комета 3I/ATLAS

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијани зад воланот: Двајца возачи приведени по сообраќајни инциденти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.