На 30.01.2026 година во 00:40 часот, на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово го лишија од слобода А.Е. (29) од с.Гргурница. Имено, тој бил затекнат во неговото патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки, додека консумирал бела прашкаста материја. При извршен преглед кај него била пронајдена и одземена најлонска кеса со бела прашкаста материја. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.









