Со почеток во 12:00 часот, утре (31 јануари) во Скопје ќе се одржи протестен марш под мотото „Стоп за Цементара“. Манифестацијата ќе започне пред зградата на Владата на РМ на булевар „Илинден“ и ќе продолжи низ централните улици на градот: десно по булевар „ВМРО“, по ул. „Васил Главинов“, лево по ул. „Димитрие Чуповски“ и понатаму по ул. „11-ти Октомври“ до Собранието на РМ, за да заврши пред Министерството за животна средина по ул. „Филип 2-ри Македонски“.
Поради маршот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје најави воведување на посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје. Возачите и пешаците се повикуваат на трпение и да ги следат инструкциите на полициските службеници на терен, за да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на протестот.









