Околу 11:15 часот, во скопското село Долно Свиларе, патот на Н.М. (43) му бил насилно пресечен од џип, додека се движел со своето возило, од кој излегол Р.Н. и со пиштол му упатил закани.
Пријавата за настанот е поднесена во СВР Скопје околу 15:00 часот, а полицијата веднаш започна со преземање мерки за целосно расчистување на случајот. Според МВР, истрагата е во тек, а мотивите и околностите се дополнително испитуваат.









