недела, март 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Златото и среброто опаднаа по рекордниот раст, додека доларот бележи раст

by Simovski
30.01.2026
in Економија
Златото и среброто опаднаа по рекордниот раст, додека доларот бележи раст

Цените на скапоцените метали денеска бележат значителен пад, што ја прекина дивата трка по рекордниот раст од претходните денови. Златото се намали за речиси 6 проценти, додека среброто и платината се срушија за повеќе од 10 проценти. Причината: растот на доларот, поттикнат од најавата дека претседателот Доналд Трамп ќе го номинира Кевин Ворш за шеф на Федералните резерви.

Ворш, поранешен гувернер на ФЕД и познат како „јастреб“ во борбата против инфлацијата, последниве месеци се приклони кон Трамп и јавно поддржува ниски каматни стапки. Самата најава ја активираше корекцијата на пазарите, која, според аналитичарите, всушност беше неизбежна. „Пазарот едноставно чекаше повод за да се врати од параболичниот скок“, објаснува Кристофер Вонг, стратег во Oversea-Chinese Banking Corp.

Техничките индикатори дополнително предупредуваа дека златото и среброто се прекупени. Индексот на релативна сила (RSI) за златото се искачи на 90 – највисокото ниво во последните децении – сигнализирајќи дека е потребна корекција. Дури и по денешниот пад, златото бележи раст од околу 17 проценти само во јануари, приближувајќи се кон најголемиот месечен скок од 1980 година, додека среброто порасна за импресивни 43 проценти.

Глобалната нестабилност исто така ја турка цената на благородните метали. Политичките потези на администрацијата на Трамп – од апсењето на венецуелскиот лидер, преку заканите за анексија на Гренланд, до воведувањето царини против сојузници – создадоа клима на несигурност. Дополнителна тензија предизвикаа и заканите за војна со Иран и притисокот врз земјите кои снабдуваат нафта на Куба.

Сепак, делумна стабилност се појави со избегнувањето на ново затворање на американската влада, откако Трамп и демократите постигнаа привремен договор. Преговорите за имиграциските квоти продолжуваат, но засега без поголеми потреси на пазарот.

Конкретно, денеска на Лондонската берза златото се тргуваше по 5.059,36 долари за унца, среброто по 102,89 долари, а индексот на доларот на „Блумберг“ порасна за 0,3 проценти. Платината и паладиумот исто така забележаа пад, следејќи го трендот на корекција по претходниот еуфоричен раст.

Related Posts

Речиси 30% од македонските купувачи имале проблеми со онлајн нарачки

15.03.2026

Паника на светските берзи: Инвеститорите бегаат поради растечката геополитичка криза

15.03.2026

Стопанска банка со најсилен неделен раст, Тетекс со најголем пад – 402 трансакции во неделата

14.03.2026

Вкупен промет од 18,75 милиони денари, најсилен раст кај Стопанска банка, ОМБ непроменет

13.03.2026

Еволуција на желбата: Како Diners го предвиде e-commerce трендот уште пред 76 години

13.03.2026

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели

13.03.2026

Препорачани Вести

Општина Битола: Бесплатен превоз до ски-центрите на Пелистер

2 месеци ago

Тајната сила на Америка: Како Delta Force ја изведе операцијата во Венецуела

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Претрес во Тетово: уапсен 43-годишник, полицијата пронашла предмети поврзани со кривично дело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран тврди дека разбил шпионска мрежа: Уапсени  30 лица за соработка со Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА УТРЕ: Регулаторна одлучува за новата цена среде нестабилен нафтен пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Емотивно во Кочани: Пред натпреварот Осогово – Горно Коњари откриени бисти на навивачи на Осогово кои загинаа во „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејно насилство во пораст или полицијата почна да си ја врши работата? За еден ден седум пријави до МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.