Tuesday, February 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Нова мерка што ќе „боли“: Во овој слулај ќе има одземање на моторното возило

by Redakcija
03.02.2026
in Црна Хроника

Од 1 февруари 2026 година, стапија во сила новите законски измени со кои се воведува една од најстрогите мерки во областа на безбедноста во сообраќајот – одземање на моторно возило од лица кои управуваат без стекнато право на возачка дозвола.

Според измените на Кривичниот законик, доколку лице управува моторно возило без возачка дозвола и со тоа стори кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, возилото со кое е сторено делото ќе биде одземено, под услов тоа да е во сопственост на сторителот.

Во случаи кога возилото е сопственост на трето лице, истото ќе биде одземено само доколку сопственикот знаел или бил должен да знае дека лицето кое управувало немало право да вози.

Новите законски решенија предвидуваат одземање на возилото и во случаи на екстремно пречекорување на брзината – доколку возачот ја надмине дозволената брзина за најмалку 70 км/ч во населено место или 90 км/ч надвор од населено место. Доколку сторителот претходно веќе бил осудуван за вакво кривично дело, одземањето на возилото е задолжително.

Мерката се однесува на сите видови моторни возила, вклучително и патнички автомобили, мотоцикли, скутери и други моторизирани превозни средства.

Со овие измени, лицата кои управуваат возило без возачка дозвола повеќе не се соочуваат само со прекршочни казни, туку и со кривична одговорност, што претставува значително заострување на санкциите.

Од надлежните институции порачуваат дека целта на новата мерка е драстично намалување на тешките сообраќајни несреќи, зголемување на дисциплината во сообраќајот и отстранување на најризичните учесници од патиштата.

Извор: Скопје Инфо

Next Post

Рекордери: Двајца возачи во Македонија имаат по 40 забрани

Уапсен полициски началник – падна во рацете на колегите

Препорачани Вести

Инцидент во угостителски објект во Тетово

6 months ago

МБИ10 со раст од 0,16%, обврзничкиот пазар без активности

3 months ago

Популарни Вести

  • Градски автобус изгоре на автопат во близина на Солун, патниците евакуирани навреме

    Градски автобус изгоре на автопат во близина на Солун, патниците евакуирани навреме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран се заканува: САД да не се подготвуваат за напад – во спротивно следи удар врз Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП со известување за скенираните сметки од МојДДВ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Труење во ресторан во Варезе: 18 лица со симптоми по вечерата поради истекување на гас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.