сабота, јуни 27, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Листа со сите закажани хируршки интервенции од денес ќе биде видлива на јавен портал

by Redakcija
04.02.2026
in Македонија
Листа со сите закажани хируршки интервенции од денес ќе биде видлива на јавен портал

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес претстави нов модул за електронска евиденција на елективни хируршки интервенции, кој на јавноста ѝ овозможува целосен увид во закажаните операции во јавните здравствени установи. Ова е првпат во земјава да се воспостави систем што функционира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

„Со новиот портал воспоставуваме ред и јасен протокол за евиденција на закажаните интервенции. Секој пациент ќе може да ги види своите опции, а податоците ќе бидат достапни за граѓаните и за креаторите на здравствената политика“, истакна Алиу. Порталот овозможува пребарување по специјалност на лекар, вид на хируршка интервенција, јавна здравствена установа, број на пациенти кои чекаат и конкретен лекар специјалист, со што се овозможува детална анализа и транспарентност на сите нивоа.

Министерот посочи дека досегашниот систем за евиденција, преку „Мој термин“ со издавање на „болнички упат за операција“, покажал сериозни недоследности. Често упатите не се издаваат веднаш по утврдување на потребата за операција, а некои установи користеле друг тип упат, додека листите за чекање се воделе делумно во хартиена форма. Сето тоа создавало неточна слика за времето на чекање и реалните потреби на пациентите.

„Сега секоја установа доби поединечно известување со анализа на бројот на извршени интервенции и реалните упати внесени во системот. На овој начин ги идентификуваме разликите и го унапредуваме планирањето и распределбата на ресурсите. Ова е и чекор кон усвојување на европските практики во здравството“, нагласи Алиу.

Со воведувањето на новиот модул, граѓаните ќе можат да следат како се движат листите на чекање, додека здравствените установи ќе имаат реална слика за потребите на пациентите и можност за поефикасна организација на хируршките интервенции.

Related Posts

УЈП бара нови вработени: Отворени девет позиции, платите од 27.000 до 39.000 денари

27.06.2026

Забрана за движење во шумите – казни до 2.000 евра

26.06.2026

Николоски: Потребна е силна соработка со Албанија за заштита на Охридскиот Регион

26.06.2026

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина

26.06.2026

Претседателот на „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

26.06.2026

Алиу: Шест нови хируршки сали во Клиничкиот центар ќе бидат пуштени во употреба на 30 јуни

26.06.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Децата се хероите на Битола, „Мини Трчај бе“ прераснува во препознатлив спортски настан

2 недели ago

Дел од Брвеница и повеќе тетовски села утре без струја поради планирани прекини

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Платил 1.200 евра да добие возачка дозвола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија најевтина земја во Европа според Евростат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да се пријавите за движење во шумите на Шар Планина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УЈП бара нови вработени: Отворени девет позиции, платите од 27.000 до 39.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комуналец Прилеп: Паркот на Могилата блеска во полн сјај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.