понеделник, јуни 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Mинистерот Хоџа се сретна со амбасадорката Дрекслер: Поддршката на Германија клучна за енергетската транзиција во регионот

by Redakcija
04.02.2026
in Македонија
Mинистерот Хоџа се сретна со амбасадорката Дрекслер: Поддршката на Германија клучна за енергетската транзиција во регионот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, при што изрази благодарност за континуираната поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.

„Во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, поддршката на Германија е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем“, истакна министерот Хоџа.

Тој посочи дека соработката со Германија, преку Европската комисија и европските финансиски институции, обезбедува значајни инвестиции во чиста и одржлива енергија, што ја зајакнува енергетската безбедност и еколошката отпорност на регионот.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за поддршка на енергетската транзиција во Западен Балкан, што беше дополнително потврдено на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Тогаш беше потпишана и Заедничката декларација за намера за Регионално климатско партнерство меѓу лидерите на шесте земји од Западен Балкан и Германија.

Министерот Хоџа нагласи дека ова партнерство претставува важна шанса за унапредување на енергетскиот сектор и спроведување на зелени политики кои носат директна корист за граѓаните и за регионот како целина.

Related Posts

Еве колку граѓани во Македонија живееле од социјална помош во 2025 година

08.06.2026

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува домашните компании

08.06.2026

Почина политичкиот аналитичар Арсим Зеколи

08.06.2026

Парното поевтинува: Граѓаните ќе плаќаат речиси двојно помалку во наредните три месеци

07.06.2026

ВЛЕН бара одговори од ДУИ: Како поединци и компании се збогатија додека бевте на власт?

07.06.2026

Лиценца проверена за 10 секунди: Државата воведува целосно дигитален систем

07.06.2026

Препорачани Вести

avion

Претседателскиот авион на Трамп се врати поради технички проблем – летот кон Давос одложен за еден час

5 месеци ago
Суспензија на старите царини во САД, нова глобална тарифа стапува на сила

Ново истражување: Глобалната перцепција за САД влошена со власта на Трамп

1 месец ago

Популарни Вести

  • Семинарот за словенски малцинства продолжи со посета на културните знаменитости во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екипи на ЈП Нискоградба на терен по поројните дождови во Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави можно државно градење на Чебрен и Галиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата интервенираше по насилен инцидент на автопатот Скопје–Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово – брза интервенција на полицијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.