понеделник, мај 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Mинистерот Хоџа се сретна со амбасадорката Дрекслер: Поддршката на Германија клучна за енергетската транзиција во регионот

by Simovski
04.02.2026
in Македонија
Mинистерот Хоџа се сретна со амбасадорката Дрекслер: Поддршката на Германија клучна за енергетската транзиција во регионот

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер, при што изрази благодарност за континуираната поддршка на Германија во спроведувањето на Зелената агенда на Западен Балкан.

„Во време на сериозни глобални предизвици, особено енергетската криза и климатските промени, поддршката на Германија е клучен столб за заштита на ранливите категории на население, стабилизација на енергетскиот сектор и забрзување на транзицијата кон модерен, декарбонизиран и отпорен енергетски систем“, истакна министерот Хоџа.

Тој посочи дека соработката со Германија, преку Европската комисија и европските финансиски институции, обезбедува значајни инвестиции во чиста и одржлива енергија, што ја зајакнува енергетската безбедност и еколошката отпорност на регионот.

Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за поддршка на енергетската транзиција во Западен Балкан, што беше дополнително потврдено на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана. Тогаш беше потпишана и Заедничката декларација за намера за Регионално климатско партнерство меѓу лидерите на шесте земји од Западен Балкан и Германија.

Министерот Хоџа нагласи дека ова партнерство претставува важна шанса за унапредување на енергетскиот сектор и спроведување на зелени политики кои носат директна корист за граѓаните и за регионот како целина.

Related Posts

Светски ден на медиумите: МАН алармира за притисоци и неказнивост

03.05.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов навреме, манипулациите паѓаат во вода

03.05.2026

Македонците се враќаат од продолжен викенд: Колони со километри – се чека и до 5 часа на границата со Грција!

03.05.2026

(ФОТО) ГОРДОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА: Македон Димитровски освои две злата во Германија – Франкфурт го слави младиот математички  гениј!

03.05.2026

(ВИДЕО) Али Ахмети каков што не сте го виделе досега – игра, пее и ја крева атмосферата до максимум!

03.05.2026

ВЛЕН: Една идеја, една сила – Конгрес на 9 мај

03.05.2026

Препорачани Вести

Македонија и САД го одржуваат стратешкиот дијалог денес во Вашингтон

Македонија и САД го одржуваат стратешкиот дијалог денес во Вашингтон

4 недели ago
Незаконско приклучување на струја за криптовалути откриено во Бутел

Макроекономска неизвесност и одливи од ETF-и го притискаат пазарот

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Над 74 милиони евра инвестиција: Се најавува целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Солена казна во Грција: 13.500 евра и затвор за Бугарин што продавал куче без документи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПОБУНА НА 3 ЗЕМЈИ ОД ЕУ ПРОТИВ НОВИТЕ ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ: „Ќе се распадне како кула од карти“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масовна тепачка пред угостителски објект во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Светски ден на медиумите: МАН алармира за притисоци и неказнивост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.