петок, мај 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Давидовиќ: Правната квалификација е правно неодржлива за најголемиот дел од 34-цата обвинети

by Redakcija
12.02.2026
in Македонија

Во гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, адвокатот Звонко Давидовиќ изнесе сериозни забелешки и правни аргументи во врска со судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека правната квалификација за најголемиот дел од 34-цата обвинети е правно неодржлива.

Како бранител на двајца од обвинетите, Давидовиќ посочи дека е апсурдно градоначалници и директори на институции да одговараат за член 288, односно за предизвикување општа опасност со пожар, бидејќи за такво дело, според неговите ставови, може да биде одговорен само оној што директно го предизвикал пожарот. Тој оцени дека функционерите евентуално би можеле да се гонат за несовесно работење во службата, но тврди дека обвинителството свесно ја избрало потешката квалификација со цел да се избегне застарување на делата.

Во одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, Давидовиќ појасни дека институцијата е надлежна за национални политики и цивилна одбрана, а не за контрола на поединечни објекти, нагласувајќи дека во Кочани, според државната систематизација, не бил предвиден ниту еден инспектор. За својот друг клиент, Ивица Грозданов, истакна дека тој не вршел формално обезбедување без лиценца, туку пријателски им помагал на сопствениците, при што потенцираше дека законот налага план за евакуација само ако се ангажирани повеќе од пет лица, додека во критичниот случај биле само тројца.

„Аjде да споредиме, да погледнеме друга ситуација, имате нешто ужасно што се случи во Кочани, и вие ја лоцирате ситуацијата и обвинувате 30-40 луѓе. Ако одите по тоа размислување и на таков начин, тој што бил надлежен да врши контрола одговара за злоупотреба на службена положба. Тој што не му овозможил средства да работи, и тој одговара за злоупотреба на службена положба и несовесно работење. Тој што го предвидел и кој треба да обезбеди на другиот простор за работа, и тој одговара за злоупотреба на службена положба. Не треба да измислуваме млака вода, проблеот е што нашиот правен систем не функционира. Проблемот е што нашата држава е партизирана, институциите на системот се заробени, што се применуваат двојни аршини и селективна правда. Ако ги погледнете работите, многу лесно ќе констатирате кој ги пропуштил должните дејствија или ги превзел онака како што не смеел да ги превземе.” – изјави Давидовиќ.

Давидовиќ воедно ја критикуваше и селективноста на правдата, прашувајќи зошто локалните обвинители во Кочани не сносат одговорност кога, според него, и самите знаеле за нелегалната работа на објектот. Тој ја опиша атмосферата во судницата како наелектризирана и исполнета со навреди кон одбраната, а заклучи дека поради вака поставеното обвинение очекува масовни ослободителни пресуди за скоро 30 лица од вкупно обвинетите.

…

Related Posts

Нов закон за миленици во Македонија: Казни до 400 евра за несовесно чување кучиња – казна до 5.000 евра за ова дело!

01.05.2026

Почнуваат новите правила за регистрација на возило во Македонија – без оваа верификација нема регистрирање!

01.05.2026
Мицкоски: Засега нема намалување на акцизата за дизел

Мицкоски: Од десет обврски од Реформската агенда, две нема да се реализираат

01.05.2026

ВЛЕН: Милиони евра од граѓаните завршиле кај лица и фирми блиски до Ахмети и Османи

01.05.2026

ВИДЕО – Долги колони на Богородица–Евзони: празничниот викенд ги наполни границите кон Грција

01.05.2026

МЕПСО: Изборот на изведувач на далекуводот кон Албанија е според правилата на ЕБОР, „Далековод“ е реномиран европски изведувач

30.04.2026

Препорачани Вести

Температурен шок за Велигден – еве какво време нѐ очекува!

3 недели ago

МВР со соопштение за пожарот во Тетово

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Исчезна 16 годишно девојче во Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗАВРШИ ДРАМАТА ВО САРАЕВО: Полицијата го пронајде убиецот, позната судбината и на малото девојче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Нов инцидент во ЗОО Скопје – посетителка влезе во опасна зона кај мајмуните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов закон за миленици во Македонија: Казни до 400 евра за несовесно чување кучиња – казна до 5.000 евра за ова дело!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.