На булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје вчера се случила тешка сообраќајна несреќа во која 56-годишен пешак бил удрен од товарно возило.
Според полицијата, на 11 февруари 2026 година околу 14:30 часот, товарното возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Д.Т. од Скопје, удрило во пешакот З.С. од Скопје.
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му е укажана лекарска помош.
На местото на несреќата извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.










