вторник, март 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Прилеп повторно ќе има Градски дувачки оркестар, дебито за Прочка (ВИДЕО)

by Redakcija
13.02.2026
in Република

По пауза од 10 години, Градскиот дувачки оркестар во Прилеп повторно е во функција. Составен е од околу 15 членови, сите млади и музички образовани, кои се горди што градот повторно ќе има оркестар со кој ќе се пофали на бројните културни манифестации. Дел од нив претходно настапувале и во составот кој згаснал во 2015 година.

„Нашите почетоци беа во оркестарот, настапувавме на многу концерти, вклучувајќи го и јубилејот од 50 години. По замрзнувањето на оркестарот, иницијативата за негово обновување дојде од повеќе музичари од градот, вклучително и поранешни членови“, велат од оркестарот.

Своето деби повторно ќе го имаат на дефилето за време на Карневалот Прочка на 22 февруари. Во моментов подготвуваат маршеви и композиции кои ги свират светски познати оркестри. Оркестарот ќе настапува на државни празници, културни настани и дефилеи, со цел да ја одржува музичката традиција и културниот живот во градот.

Според историските записи, Прилеп имал Градски дувачки оркестар уште во 1909 година, а со текот на годините бројката на оркестри стигнала до три големи состави, кои подоцна се здружиле во еден.

Во иднина, дувачкиот оркестар ќе се користи и како камерен состав, вклучувајќи тематски вечери и евергрин концерти, со цел да стане уште еден препознатлив бренд на Прилеп. Членовите нагласуваат дека се горди што ќе настапуваат повторно и дека репертоарот ќе биде составен од светски познати композиции, достапни за поширока публика.

Видеото може да го погледнете тука

….

Related Posts

Коњановски: Го враќаме сјајот на старото градско јадро во Битола

31.03.2026

Утре три тетовски села остануваат без струја

30.03.2026

Коњановски: Современи хигиенски стандарди за учениците во Битола – реконструкција на училиштето „Коле Канински“

31.03.2026

ЈКП Водовод – Битола со едукативна презентација за значењето на водата

30.03.2026

Во Битола одржана четвртата работилница од проектот „Мостови на пријателство“

29.03.2026

По повеќе од 70 години: Почнува голема реконструкција на охридскиот аеродром

29.03.2026

Препорачани Вести

Зимска опасност на коловозите: ЦУК предупредува на голомразица

3 месеци ago

Вкупен промет од 19,36 милиони денари, раст кај ТТК Банка и НЛБ, а пад кај Алкалоид

2 недели ago

Популарни Вести

  • Трамп до сојузниците: Америка нема веќе да ве штити – купувајте нафта од САД или снаоѓајте се сами

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Инженерите се клучни за иднината на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ со ироничен одговор на одлуката на Милановиќ за откажување на самитот Брдо-Бриони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радио Слободна Европа денес го затвора македонскиот сервис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИДФ со нови тврдења за ликвидирани борци на Хезболах во јужен Либан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.