понеделник, март 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Успешна пилот фаза на е-Фактура: Над 1.100 издадени електронски фактури во тест системот

by Simovski
16.02.2026
in Економија
Успешна пилот фаза на е-Фактура: Над 1.100 издадени електронски фактури во тест системот

Управа за јавни приходи соопшти дека пилот-фазата на новиот национален систем за е-Фактура веќе дава конкретни и мерливи резултати, потврдувајќи дека деловната заедница активно се подготвува за преминот кон целосно дигитално фактурирање.

Според официјалните податоци, интересот за тестирање е значителен – 148 компании досега се пријавиле за учество, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Петнаесет компании веќе активно го користат решението во реални услови, при што се издадени вкупно 1.115 електронски фактури. Од нив, 396 се успешно верификувани преку платформата, што, како што оценуваат од институцијата, ја потврдува стабилноста и функционалноста на системот уште во тест фазата.

Од Управата потенцираат дека компаниите кои се приклучуваат во пилотирањето добиваат повеќекратна придобивка – навремена техничка подготвеност пред задолжителната примена, директна комуникација и поддршка при интеграцијата, како и можност со свои сугестии да влијаат врз финалното обликување на системот. Раното вклучување, велат, овозможува полесно прилагодување на ERP решенијата и интерните ИТ системи, со што се избегнуваат потенцијални доцнења при целосната имплементација.

Посебен апел е упатен до ИТ-компаниите, ERP провајдерите и економските оператори кои развиваат сопствени софтверски решенија. Тие се повикани активно да го тестираат API-интерфејсот и преку повратни информации да придонесат во создавањето на стабилен, безбеден и практичен систем што ќе одговара на реалните потреби на бизнис-заедницата.

Процесот на приклучување е веќе отворен преку специјализирани платформи за техничка документација, регистрација и тестирање, а институцијата охрабрува сите заинтересирани субјекти да ги искористат можностите додека системот сè уште е во развојна фаза.

Со имплементацијата на е-Фактура, државата цели кон модернизација на финансиските текови, поедноставување на деловните процедури и намалување на административните трошоци. Од Управата нагласуваат дека партнерството со приватниот сектор е клучно за успешно воведување на системот, кој треба да донесе повисоко ниво на транспарентност и ефикасност во економијата.

Related Posts

Речиси 30% од македонските купувачи имале проблеми со онлајн нарачки

15.03.2026

Паника на светските берзи: Инвеститорите бегаат поради растечката геополитичка криза

15.03.2026

Стопанска банка со најсилен неделен раст, Тетекс со најголем пад – 402 трансакции во неделата

14.03.2026

Вкупен промет од 18,75 милиони денари, најсилен раст кај Стопанска банка, ОМБ непроменет

13.03.2026

Еволуција на желбата: Како Diners го предвиде e-commerce трендот уште пред 76 години

13.03.2026

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели

13.03.2026

Препорачани Вести

Голема полициска акција во Брвеница – Уапсени пет лица

2 месеци ago

Уапсен 16-годишник на Илинденска во Тетово

3 недели ago

Популарни Вести

  • Македонија ја очекува ново заладување: Дожд во градовите, снег на планините

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ИРАНСКИТЕ КАМИКАЗА ДРОНОВИ ГИ ЗАГРИЖИЈА САД И ИЗРАЕЛ: Украина открива како се бори против нив по искуството од војната со Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милановиќ загрижен: Србија се вооружува со офанзивно оружје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензиите растат: Тајван пријави големо присуство на кинески воени авиони во близина на островот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тројца поранешни градоначалници на Кочани се влечат по судови без вина, тврди Шилегов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.