вторник, март 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Тиквешијата „окупирана“ од измамници – Шест обиди за измами со лажни лекари

by Redakcija
18.02.2026
in Црна Хроника

Шест обиди за измами со лажни лекари се пријавени вчера: пет во Неготино и еден во Велес, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Велес 53-годишна жена пријавила дека непознат човек му се јавил на нејзиниот татко и му кажало дека неговата ќерка се здобила со тешки повреди и оти е потребна итна операција, за што требало да донесе пари во болницата во Велес. Другите пет случаи биле пријавени во ОВР Неготино од луѓе на возраст од 69 до 78 години. Според пријавите, машко лице им се јавувало и им тврдело дека нивни блиски роднини се повредени и дека за оперативен зафат е потребно да донесат пари. Бараните износи достигнувале и до 35 илјади евра.

Во некои од случаите измамникот се претставувал како лекар, а во други како полициски службеник. На некои им велеле парите да ги однесат во здравствени установи во Скопје, а на други во болницата во Велес. Сите пријавители се посомневале во веродостојноста на повиците, ги контактирале своите блиски и утврдиле дека станува збор за обид за измама.

Од СВР Велес ги повикуваат граѓаните да бидат особено внимателни при комуникација со непознати лица и сите сомнителни повици веднаш да ги пријават во најблиската полициска станица. Полицијата најавува засилени превентивни активности, особено насочени кон постарите луѓе, заради навремено информирање и поучување за препознавање и спречување на телефонските измами.

Related Posts

Петмина приведени во Скопје – МВР со детали

16.03.2026

Тешка сообраќајна несреќа – Едно лице го загуби животот

16.03.2026

Две мали деца се затруле со хемикалија – Пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

16.03.2026

Тешка сообраќајна несреќа во Тетовско

16.03.2026

Сообраќајка во Скопје: Се судрија полициско возило и такси, повредени полицајци

16.03.2026

Подметнат пожар на приватен имот, едно лице во уапсено

16.03.2026

Препорачани Вести

Маж приведен во Охрид – ја нападнал сопругата со пластичен предмет

Маж приведен во Охрид – ја нападнал сопругата со пластичен предмет

1 недела ago

Неколку илјади деца низ цела Македонија ја носеа Божикната ѕвезда – „Бадниковата поворка“ во полн сјај

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Албанската дијаспора во Италија: Втора по големина со над половина милион жители

    Албанската дијаспора во Италија: Втора по големина со над половина милион жители

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Примената на AI во европските здравствени системи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војната со Иран ја зголемува цената на нафтата за над 40 проценти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во МНТ утре комеморација во чест на Кирил Поп Христов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судскиот процес за пожарот во „Пулс“ со сослушување на нови сведоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.