петок, март 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Хорор во Куманово – Повеќе случаи на слични убиства се поврзуваат со еден сторител

by Redakcija
20.02.2026
in Црна Хроника

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

На точно неутврден датум во периодот од 27.01 до 12.02.2026 година, осомничениот 25-годишник во селото Челопек, општина Старо Нагоричане, со умисла на свиреп и подмолен начин ја лишил од живот жртвата, жена родена во 1947 година.

Ја искористил околноста дека оштетената живеела сама, била стара и немоќна. Кога влегол во нејзината куќа, таа спиела на креветот, па осомничениот физички ја нападнал, задавајќи и повеќе удари со кои и нанел тешки телесни повреди од кои  жената починала.

Со интензивни координирани дејствија во изминатите неколку дена на ОЈО Куманово и истражниот центар во тоа обвинителство, МВР и екипите на Институтот за судска медицина обезбедени се докази кои укажуваат на поврзаност на овој настан со неколку други слични случаи во кумановско.

Заради сличности во однос на изборот на жртвата и суровиот начин на извршување на делото се испитува дали и во тие случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител. За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат.

Истражните органи работат на сложени вештачења и анализи, како и други дејствија за обезбедување докази, кои во моментов не можат да бидат споделени со јавноста поради тајноста на постапката.

Осомничениот од моментот на неговото откривање веднаш е лишен од слобода и обезбеден, а по предлог на јавниот обвинител му е одредена мерка притвор. Наредено е и психијатриско вештачење на осомничениот од страна на тим вешти лица – форензички психијатри од Институтот за психијатрија во Скопје.

Related Posts

Ограбен маркет во Тетово – МВР преземаат мерки

13.03.2026

Скопјанец го нападнал татко си и му го запалил автомобилот 

13.03.2026

Апсење во скопски Аеродром – МВР со детали

13.03.2026

Лажен “директор” измамил битолчанец за 340.000 денари

13.03.2026

Автомобил удри пешак во Куманово – итно пренесен во Болница

13.03.2026

Полициска акција во Скопје – Уапсени две лица

13.03.2026

Препорачани Вести

Зимски услови на патиштата, магла до 50 метри кај Гевгелија

1 месец ago

Тешка сообраќајна несреќа во Тетово: повредени двајца млади

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Битола дел од програмата на „Танц Фест 2026“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ограбен маркет во Тетово – МВР преземаат мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопјанец го нападнал татко си и му го запалил автомобилот 

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во скопски Аеродром – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лажен “директор” измамил битолчанец за 340.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.