петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Камера го снимила серискиот убиец од кумановско – осомничениот слободно се движел низ селата

by Уредник
22.02.2026
in Црна Хроника

Во јавноста се појави фотографија од безбедносна камера на која, според извори блиски до истрагата, е забележан осомничениот за серијата убиства што ја потресоа кумановската околина.


Станува збор за снимка од надзорна камера поставена на приватен објект, на која се гледа машка фигура како се движи во близина на куќите во доцните часови. Токму вакви движења, според истражителите, биле карактеристични за периодот пред нападите врз жртвите – лица кои најчесто живееле сами и во изолирани домови.
слободно се движел, никој не се посомневал.


Жителите од повеќе села во регионот сведочат дека осомничениот често бил гледан како пешачи или се движи со велосипед од едно место до друго. За многумина бил „познат лик“, но никој не помислил дека може да се поврзе со тешки кривични дела.


Истрагата сега ги анализира сите достапни видео материјали од камери на приватни објекти, продавници и дворови, со цел да се утврди точната маршрута на движење и можната поврзаност со секој од случаите што се преиспитуваат.


Извори блиски до истрагата велат дека токму ваквите снимки помогнале да се состави мозаикот на движењата на осомничениот во деновите кога се случиле нападите. Се проверува дали лицето од фотографијата се појавува на повеќе локации и во близина на домовите на жртвите.


Од обвинителството засега нема официјална потврда за деталите, но е најавено дека се врши темелна анализа на сите претходно затворени случаи со починати жени во регионот, за кои постои сомнеж дека можеби не биле природна смрт.
вознемиреност кај жителите.


Објавувањето на фотографијата дополнително ја зголеми вознемиреноста кај локалното население, кое со денови бара одговори – како осомничениот со години се движел низ селата без да биде откриен.


Истрагата продолжува, а надлежните најавуваат дека во наредниот период ќе се објават нови информации за можниот број на жртви и евентуалните пропусти во претходните постапки.

Related Posts

Ноќна масовна тепачка на крстосница во Кичево: Две лица со повреди, девет приведени

10.04.2026

Судир на две возила во Скопје – млад возач заврши во Болница

09.04.2026

Тешка сообраќајна несреќа – Возачот го загубил животот

09.04.2026

Запален автомобилот на директорка од Скопје – Полицијата со детали за случајот

09.04.2026

Апсење во Скопје: Инцидент во кафеана во Аеродром – нападната пејачка

09.04.2026

Претрес и апсење во Центар – МВР со детали

09.04.2026

Препорачани Вести

Предосмомартовска женска тепачка во Скопје!

1 месец ago
САД од стратешките резерви ќе ослободат 172 милиони барели нафта

САД од стратешките резерви ќе ослободат 172 милиони барели нафта

4 недели ago

Популарни Вести

  • Подготовките за брзата пруга напредуваат, старт на теренските работи се очекува наесен

    Подготовките за брзата пруга напредуваат, старт на теренските работи се очекува наесен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сирени за тревога во Израел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хаос со цените на нафтата пред преговорите меѓу САД и Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камерите во Националниот парк „Шебеник“ повторно забележаа присуство на балканскиот рис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вработените во Белата куќа предупредени!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.