петок, март 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ХОРОРОТ ВО КУМАНОВСКО: Отворени пет случаи на убиства –  Истрагата проверува и елементи на сексуално насилство

by Уредник
22.02.2026
in Црна Хроника

86-годишната Росанка Трајковска од селото Челопек денес живее во страв, но и со олеснување – човекот кој брутално ја нападнал во нејзиниот дом е во притвор. Иако поминаа две недели од нападот, модринките на нејзините раце сè уште сведочат за жестоката борба за живот.


Таа живее со својот син Јовица, кој на 9 февруари бил на работа кога насилникот влегол во куќата. Според неговите зборови, напаѓачот се исплашил од ненадеен тропот и побегнал, оставајќи ја Росанка тешко повредена и во крв.


Истражителите тврдат дека токму овој напад помогнал да се открие осомничениот, по смртта на 78-годишната Мира С. од селото Старо Нагоричане. Таа била пронајдена на 12-ти овој месец во својот дом – претепана и задушена со перница. Живеела сама и била пензионерка од Австрија, а првичните сомнежи укажуваат и на грабеж.


Полицијата уапси 25-годишник од соседното село Драгоманце, но по распитот се појавиле сомнежи дека тој може да биде поврзан со повеќе убиства.


Според информации од истрагата, во моментов се преиспитуваат пет смртни случаи – три од оваа и два од минатата година. Заедничко за сите жртви е што биле повозрасни жени, пронајдени мртви во своите домови, сами и делумно соблечени. Во ниту еден од случаите претходно не била направена обдукција, бидејќи не биле утврдени очигледни траги на насилство.


Истражните извори посочуваат дека, покрај мотивот за кражба, се проверуваат и индиции за дополнително понижување на жртвите, што отвора сомнежи дека нападите имале и други, потешки елементи. Овие наводи се дел од тековната постапка и засега не се официјално потврдени.
Истражителите не ја исклучуваат можноста бројот на жртви да е поголем.


Единствената помлада жртва е 37-годишна жена од Нагоричане, пронајдена мртва во јануари. Таа била погребана по претпоставка дека смртта настанала од предозирање со алкохол, но жителите уште тогаш изразиле сомнежи. Сега обвинителството побара ексхумација и обдукција.


Села поврзани со ист осомничен
Старо Нагоричане, Челопек, Драгоманце и Клечовце се селата што ги поврзува осомничениот, кој, според мештаните, бил познат по ситни кражби и често се движел со велосипед.


Од полицијата и обвинителството засега не откриваат официјални детали, но потврдуваат дека ќе се испитува дали имало пропусти при затворањето на претходните случаи со починати жени.


Истрагата е во тек.

Related Posts

Автомобил во пламен во скопски Аеродром

19.03.2026

Обвинителство со првични информации за уапсениот Директор

19.03.2026

НАЈНОВА ВЕСТ: МВР вечерва уапси актуелен директор за примање мито од 50.000 евра – еве за кого станува збор!

19.03.2026

Пациент упатувал закани на Клинички – Интервенирала полицијата

19.03.2026

Апсење во Тетово по пријава за следење и телефонски закани

19.03.2026

Полицијата апсеше во Штип – Ова се деталите

19.03.2026

Препорачани Вести

ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%

ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%

2 недели ago

НАЈНОВА ВЕСТ: 18 годишникот кој вчера усмрти жена во Скопје избегал од Македонија со татко му – уапсени се две лица!

2 месеци ago

Популарни Вести

  • На денешен ден 20 март започнала валандовската акција – една од најголемите операции на ВМРО во 1915 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денес ѕвездите носат изненадувања: Еден знак добива шанса што не се пропушта – дневен хороскоп за 20 март

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денес времето носи изненадување – проверете што ве очекува пред да излезете од дома!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Автомобил во пламен во скопски Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обвинителство со првични информации за уапсениот Директор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.