На 22.02.2026 во 17:55 часот, полициски службеници од СВР Тетово го привеле Б.В. (34) од тетовска Брвеница. Претходно, во угостителски објект во селото, тој физички го нападнал Д.С. (49) од истото село.
При извршен алкотест, на Б.В. му биле измерени 1,27 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.














