сабота, март 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Основниот кривичен суд Скопје ја откри причината за куќниот притвор на Груби

by Redakcija
23.02.2026
in Црна Хроника

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое се прифаќа заедничката иницијатива на јавниот обвинител и одбраната за определување мерка куќен притвор за осомничениот Артан Груби.

Од судот информираат дека, согласно Законот за кривична постапка, судијата не можел да изрече построга мерка од онаа што ја предложило обвинителството.

Претходно, КПУ затвор „Скопје“ го известил судот дека осомничениот утрово во 09:20 часот е спроведен во установата и започнал со издржување на мерката притвор, која била определена на 17 декември 2024 година. По ова известување, судот го информирал Основното јавно обвинителство.

По барање на обвинителството, била издадена наредба за спровод на осомничениот пред јавен обвинител за сослушување. Во текот на денот, одбраната поднела предлог за замена на притворот со куќен притвор, кој бил доставен до обвинителството за мислење.

Обвинителството, кое ја води истрагата и согласно законските овластувања ја оценува соодветноста на мерките за обезбедување на постапката, доставило позитивно мислење за предлогот. На расправата, јавниот обвинител предложил изрекување поблага мерка од претходно определената.

По сослушувањето на осомничениот во присуство на неговиот бранител, судот одлучил притворот да биде заменет со куќен притвор со 24-часовен надзор, кој ќе го спроведува Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, изречени се и мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и забрана за издавање нов документ за преминување на државната граница.

Против ова решение, странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.

Related Posts

ПРИВЕДЕН ВОЗАЧ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЈАЖИНЦЕ– ВОЗИЛОТО БАРАНО ОД ИНТЕРПОЛ

21.03.2026

Шест лица приведени за семејно насилство: нападнати сопруги, снаи, свекрви, деца и родители

21.03.2026

Приведени 16 возачи за безобѕирно возење, 11 никогаш не положиле возачки испит

21.03.2026

Жена пронајдена мртва во Зрновци – Обдукцијата проверува дали станува збор за семејно насилство и силување

21.03.2026

Тешка сообраќајка во Конче: осумгодишно дете со тешки повреди по удар од автомобил

21.03.2026

18-годишник од Скопје починал по прием во гостиварскиот Ургентен центар

21.03.2026

Препорачани Вести

Три жртви во хеликоптерска несреќа во Русија

4 недели ago
Нов меѓународен проект за заштита на белоглавиот мршојадец во Македонија

Нов меѓународен проект за заштита на белоглавиот мршојадец во Македонија

1 месец ago

Популарни Вести

  • Македонија издвои херојски бод против Австрија со гол во последна секунда во Брегенц

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ОВА МОРА ДА СЕ ВИДИ: Бразил е земја на фудбалот – таму дури и бабите играат мајсторски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: „ВЛЕН е почеток на нова ера на единство на Албанците“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Омерагиќ: „Од фикција кон реалност – нова ера за македонскиот фудбал“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тоневски: „Зелникот на баба“ ги обедини љубителите на традицијата од цела Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.