четврток, март 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија поради нафтениот транзит

by Simovski
23.02.2026
in Свет
Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија поради нафтениот транзит

Во пресрет на четиригодишнината од почетокот на руската инвазија, европската дипломатија се соочи со нова криза. Унгарија стави вето на 20-тиот пакет санкции против Русија и заемот од 90 милијарди евра за Киев, повикувајќи се на враќање на транзитот на нафта преку оштетениот нафтовод „Дружба“.

Нафтоводот „Дружба“ беше цел на руски напад на 27 јануари, а Будапешта ја обвинува Украина дека попречува неговото враќање во функција. „Не треба да мешаме теми кои не се поврзани“, изјави шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, оценувајќи дека транзитот на евтина руска нафта не смее да се поврзува со санкциите.

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, најави дипломатска офанзива и ги повика унгарските власти да ја преиспитаат својата позиција, нагласувајќи дека одбивањето на санкциите не смее да го поткопува европскиот суверенитет.

Меѓутоа, европските лидери веќе се упатија кон Киев. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коштa, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пристигнаа во украинската престолнина за да ја одбележат четиригодишнината од војната, очекувајќи да се постигне договор и финансиска поддршка за Киев.

Во меѓувреме, Калас изрази скепса за оптимизмот на американскиот преговарач Стив Виткоф, нагласувајќи дека притисокот врз Украина да отстапи од своите позиции нема да донесе траен мир. „Не гледам причина за брз напредок. Видовме обиди да се принуди Украина да се откаже од нешто што не сака да го даде“, изјави таа, повикувајќи на трпелив и реалистичен пристап кон мировните преговори.

Related Posts

Балистички ракети „Хорамшахр-4“ удрија врз Тел Авив

18.03.2026

Иран заработува милиони од нафта среде криза, САД не интервенираат за да го стабилизираат пазарот

18.03.2026
Суспензија на старите царини во САД, нова глобална тарифа стапува на сила

САД воведува нови услови за визи: депозит од 15.000 долари за 50 држави

18.03.2026

ВИДЕО: Иран го нападна Тел Авив со касетни бомби

18.03.2026

Убиен уште еден висок функционер на Иран

18.03.2026

Русија: Европа му го покажа своето вистинско лице на Трамп – маските паднаа

18.03.2026

Препорачани Вести

Дивоградба на државно земјиште без одобрение – Полицијата интервенирала

2 месеци ago

Маскирани лица подметнале пожар – Полицијата презема мерки

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Пронајден возачот што удри малолетничка во Скопје и избега

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мајсторството носи пари: Плочкар тврди дека заработува илјадници евра неделно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кои држави први би се соочиле со недостиг на нафта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Балистички ракети „Хорамшахр-4“ удрија врз Тел Авив

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран заработува милиони од нафта среде криза, САД не интервенираат за да го стабилизираат пазарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.