понеделник, февруари 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ВИДЕО: Артан Груби со лисици по 6 часа распит излезе од Обвинителство – Скопје

by Redakcija
23.02.2026
in Црна Хроника

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска беше спроведен во суд откако претходно помина околу шест часа на распит во скопското Обвинителство. Тој не даде никаква изјава ниту одговори на новинарските прашања, и покрај интересот на медиумите за причините за неговото враќање во земјата и за неговата евентуална одговорност.

Груби беше изведен од Обвинителството со лисици на рацете, придружуван од затворска полиција, по што беше пренесен со полициско возило кон судот. И пред судската зграда, како и претходно, остана без коментар на поставените прашања.

Се очекува тој да биде сослушан пред судија на претходна постапка, кој ќе одлучува за мерките што ќе бидат определени против него. Од Обвинителството засега нема официјална информација дали ќе се инсистира на ефективен притвор или ќе се предложи поблага мерка, имајќи предвид дека Груби сам се врати во државата и истрагата е веќе завршена.

Случајот се однесува на сомнежи дека, како раководител на владина седница, одобрил барање за јавна набавка на ВЛТ-терминали од страна на Државна лотарија, иако институцијата немала законско право самостојно да организира игри на среќа. Во предметот, тој е осомничен за кривично дело „проневера во службата“.

Постапката беше отворена откако Стејт департмент на САД го стави Груби на таканаречената „црна листа“, поради сомнежи за коруптивни активности и влијание врз судски процеси поврзани со поранешниот директор на тајните служби Сашо Мијалков.

Одлуката за тоа дали Груби ќе заврши во притвор или ќе му бидат определени поблаги мерки, како куќен притвор или други ограничувања, ќе ја донесе судијата на претходна постапка, врз основа на проценката за ризик од бегство и можноста за влијание врз истрагата.

Груби беше прв вицепремиер во владината коалиција на СДСМ и ДУИ и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, а во повеќе наврати ја извршуваше и функцијата претседавач со Владата во отсуство на премиерот.

Видеото може да го погледнете тука

…

Related Posts

ЛИСТА НА ТОП 25 НЈОПАСНИ КАРТЕЛИ НА ПЛАНЕТАТА: Албанската мафија рангирана меѓу глобалните криминални сили

23.02.2026

Тетовка измамена за 3.000 евра за лажна работна виза за Германија

23.02.2026

Повеќе делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини

23.02.2026

Уапсен 16-годишник на Илинденска во Тетово

23.02.2026

Претрес и апсење во Битола – МВР со детали

23.02.2026

МВР: Лажни закани за бомби во повеќе училишта, во тек истрага

23.02.2026

Препорачани Вести

Бројот на жртви од пожарот во Кран Монтана се искачи на 47, а судбината на македонскиот граѓанин сè уште е непозната

2 месеци ago

ЗЛОУПОТРЕБА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – Кривична пријава за ексдиректорката

3 дена ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Џиновска ајкула плива покрај хрватскиот остров Црес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензии на Блискиот Исток: Израел во готовност по најави за можен американски удар врз Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛИСТА НА ТОП 25 НЈОПАСНИ КАРТЕЛИ НА ПЛАНЕТАТА: Албанската мафија рангирана меѓу глобалните криминални сили

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовка измамена за 3.000 евра за лажна работна виза за Германија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повеќе делови од Скопје утре без струја поради планирани прекини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.