недела, март 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Електронска дозвола за патници од 85 земји е задолжителна за влез во Велика Британија

by Simovski
25.02.2026
in Свет
Електронска дозвола за патници од 85 земји е задолжителна за влез во Велика Британија

Од денеска стапува на сила ново правило за патување во Велика Британија. Сите посетители од 85 земји кои доаѓаат без потреба од виза ќе мора претходно да обезбедат електронска дозвола за патување, или ризикуваат да им биде одбиен влез на границата.

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека оваа новина значи дека без валидна електронска исправа, туристите и другите посетители нема да можат да се качат на авионите, авиокомпаниите ќе проверуваат дали патникот има Е‑Travel Authorization купена преку интернет по цена од 16 фунти, што изнесува околу 21,57 американски долари.

Системот за електронски дозволи првпат беше лансиран во 2023 година, а во април минатата година се прошири и на европски патници, но до сега не се применуваше строго. Сега, пак, од сите ќе се бара да ја завршат таа онлајн постапка пред да патуваат.

Освен Британците и Ирците – вклучително и оние со двојно државјанство или со право на престој во Велика Британија – никој нема да биде изземен од ова правило.

Оваа промена доаѓа во време на значајни трансформации по Брегзитот. Минатата есен, во октомври, Европската Унија го воведе својот долго најавуван дигитален систем за влез/излез, со кој се укинува рачното печатење на пасошите на границите, а се прават автоматски записи за сите што влегуваат и излегуваат од блокот.

Бизнисите и патниците претходно имаат поплаки дека новиот систем во ЕУ предизвикал застои на аеродромите, а претставници на транспортниот сектор предупредија дека целосното воведување токму за време на велигденските празници може да донесе сериозни нарушувања во летовите и железничкиот сообраќај.

Related Posts

Нова ескалација на реториката: Куба реагира со зголемена воена готовност

22.03.2026

Лондон, Париз, Берлин во домет? Нови тврдења за ирански ракети

22.03.2026

Техеран со порака: Ракетниот напад врз Димона е само почеток

22.03.2026

(ВИДЕО) Детали за терористичкиот напад во Чешка: Левичарски екстремисти запалија фабрика што ја снабдува Украина

22.03.2026

Тензиите растат САД се спрема за инвазија: Куба ја става војската во целосна готовност

22.03.2026

ВИДЕО – САД и Израел извршија силни удари врз Иран: погодена воена база во Дезфул по што експлодираше складиште за муниција

22.03.2026

Препорачани Вести

Русија може да ја користи морнарицата доколку се запленат руски бродови

Русија може да ја користи морнарицата доколку се запленат руски бродови

1 месец ago

Седум навивачи на ПАОК загинаа во тешка сообраќајна несреќа (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Нова ескалација на реториката: Куба реагира со зголемена воена готовност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лондон, Париз, Берлин во домет? Нови тврдења за ирански ракети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран со порака: Ракетниот напад врз Димона е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на иранските служби – приведени десетици осомничени за „шпионажа“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДЕЛОВИ ОД ОПШТИНА БРВЕНИЦА УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ПОРАДИ ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.