недела, април 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Црна Гора промовира членство во ЕУ: Националниот авион носи слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“

by Simovski
26.02.2026
in Балкан
Црна Гора промовира членство во ЕУ: Националниот авион носи слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“

Црна Гора ја постави својата најамбициозна цел досега, полноправно членство во Европската Унија до 2028 година. Националниот авиопревозник Ер Монтенегро го доби својот нов „летечки амбасадор“, авион со впечатливиот слоган „28×28 – Следната членка на ЕУ“, кој ќе ја носи пораката на Црна Гора низ цела Европа.

„Ја носиме Европа во Црна Гора и ја носиме Црна Гора во Европа“, изјави премиерот Милојко Спајиќ на презентацијата на авионот на аеродромот во Подгорица, нагласувајќи дека брендот на авионот е „стратешка изјава на државата“. Според него, Црна Гора на Европа ѝ нуди стабилност, свежа енергија и пример за единство во различноста.

Министерката за европски прашања, Маида Горчевиќ, оцени дека целта е амбициозна, но остварлива. Таа посочи дека сите институции, економски и културни актери, спортисти, научници и граѓанскиот сектор мора да ја пренесат истата порака: Црна Гора е подготвена да стане 28-ма членка на Европската Унија до 2028 година.

Црногорската влада веќе најави дека ќе се обиде да ги затвори сите преговарачки поглавја до крајот на годинава, со што ќе се создаде патот за завршување на пристапниот процес во наредните години. Кампањата со авионот е само дел од пошироката стратегија да се информира европската и домашната јавност за постигнувањата на Црна Гора во процесот на интеграција и за нејзината решителност за идното членство во ЕУ.

Related Posts

Турција најавува целосна забрана за цигари до 2040 – крај на тутунот со строги казни

12.04.2026
Ердоган: Турција сака да остане подалеку од воените конфликти

Се огласи и Ердоган за преговорите меѓу САД и Иран

11.04.2026

Над 3.200 патници не добиле влез во Хрватска поради новиот систем

11.04.2026

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес? – Ова е рекцијата на Рама

11.04.2026

Бугарија под притисок – 6 месеци рок за исправка на ‘неправдата’ кон Македонците“

11.04.2026

Зоран Стевановиќ избран за претседател на словенечкиот парламент

11.04.2026

Препорачани Вести

Fillerina и Crescina пристигнуваат на македонскиот пазар

Fillerina и Crescina пристигнуваат на македонскиот пазар

2 месеци ago
144 години од раѓањето на Арсени Јовков

144 години од раѓањето на Арсени Јовков

3 недели ago

Популарни Вести

  • Нема договор меѓу САД и Иран: Ормускиот теснец останува затворен, расте ризикот од глобална енергетска криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Неверојатна снимка: Се појави „морска игуана“ во Галапагос плива како змеј и исфрла сол од носот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турција најавува целосна забрана за цигари до 2040 – крај на тутунот со строги казни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архиепископот Стефан со велигденска порака: „Да го озариме светот со велигденска радост“ –  светлината на Христос нека нè води

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митрополит Георги: Плаошник да стане повторно духовно срце на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.