сабота, април 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Уапсени седум лица за експлоатација и детска порнографија во Србија

by Simovski
26.02.2026
in Балкан
Уапсени седум лица за експлоатација и детска порнографија во Србија

Српската полиција извести дека во голема полициска акција под кодно име „Армагедон“ на повеќе локации се уапсени седум лица осомничени за тешки кривични дела поврзани со децата и детска порнографија.

Надлежните соопштија дека приведените – Б.Ф. (1969), П.М. (2002), Д.Н. (1988), Б.Р. (1954), С.С. (1962), П.С. (1962) и М.О. (1982) – се сомничат дека подолг период преку DarkWeb преземале, складирале и разменувале материјал што потекнува од сексуална експлоатација на малолетници.

При претресите во нивните домови, полицијата открила електронски уреди полни со големи количини фотографии и видеа кои, како што наведуваат од полицијата, прикажуваат сериозна злоупотреба на деца, најчесто на возраст од 4 до 14 години. Делата што наводно се документирани на пронајдениот материјал биле категоризирани според возраст, пол и други критериуми.

Осомничените се задржани во полициска станица до 48 часа и ќе бидат изведени пред надлежното обвинителство со соодветни кривични пријави.

Акцијата, која ја воделе припадници на Службата за борба против високотехнолошки криминал, Управата за технологија, како и специјалното одделение на Вишото јавно обвинителство во Белград, била реализирана со поддршка на единици од Белград, Сомбор, Ниш и Нови Сад.

Од српското МВР потенцираат дека операцијата „Армагедон“ е силна порака дека институциите нема да дозволат никакво злоупотребување на деца и дека дигиталниот простор не е место каде што сторители на вакви кривични дела можат да се сокријат.

Related Posts

Ердоган: Турција сака да остане подалеку од воените конфликти

Се огласи и Ердоган за преговорите меѓу САД и Иран

11.04.2026

Над 3.200 патници не добиле влез во Хрватска поради новиот систем

11.04.2026

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес? – Ова е рекцијата на Рама

11.04.2026

Бугарија под притисок – 6 месеци рок за исправка на ‘неправдата’ кон Македонците“

11.04.2026

Зоран Стевановиќ избран за претседател на словенечкиот парламент

11.04.2026

Турција оди кон радикална мерка: Целосна забрана за продажба на тутун

11.04.2026

Препорачани Вести

Балканец принуден да го даде бубрегот на романски криминален клан во Германија

Балканец принуден да го даде бубрегот на романски криминален клан во Германија

4 недели ago

Порше, ренџ ровер и ауди – шест лица лишени од слобода во Тетово и Гостивар

1 недела ago

Популарни Вести

  • Велигденско примирје меѓу Русија и Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Физичка пресметка пред хотел во Аеродром по расправија меѓу вработени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во Скопје оштети три возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет лица приведени во Скопје – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина тајно го вооружува Иран? Разузнавачите алармираат за нова закана зад примирјето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.