ТЕТОВО – Дел од градот Тетово и повеќе населени места во тетовскиот регион утре (27.02.2026) ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Според најавите, без струја во периодот од 08:45 до 11:15 часот ќе бидат селата: Селце Кеч, Новаке, Урвич, Боговиње, Голема Речица, Долно Палчиште, Камењане, Мала Речица, Ново Село, Раковец и Јеловјане.
Во селото Жеровјане прекинот ќе трае од 09:00 до 12:00 часот.
Во Тетово, планиран е прекин од 09:00 до 14:00 часот на улицата „Радован Цониќ“, во делот кај Судот. Дополнително, од 11:00 до 12:00 часот без струја ќе биде и дел од улицата „Љубо Божиновски Пиш“, кај потрошувачот Металекс ДООЕЛ.
Од надлежните информираат дека прекините се поради изведување на технички зафати на електродистрибутивната мрежа и апелираат до граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски.
…














