Полициски службеници од СВР Тетово на 05.03.2026 година во 19:25 часот го привеле Д.А. (18) од Тетово, кој се сомничи дека нанел тешки телесни повреди на сограѓанин.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил по кратка расправија на улицата „173“ во Тетово, кога осомничениот со остар предмет го повредил С.Л. (23) од Тетово.
Повредениот бил пренесен во Клиничкиот центар во Тетово, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.














