сабота, април 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МНР ќе одлучува за дипломатски чекори по забраната за влез на адвокатот Менкиновски во Бугарија

by Simovski
09.03.2026
in Македонија
МНР ќе одлучува за дипломатски чекори по забраната за влез на адвокатот Менкиновски во Бугарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остро реагираше по информацијата дека бугарските власти донеле одлука за десетгодишна забрана за влез во Бугарија за адвокатот Тони Менкиновски, оценувајќи дека ваквиот потег отвора сериозни прашања за односот кон македонските граѓани.

Муцунски изјави дека во рамки на Министерството внимателно ќе се анализираат сите детали и околности поврзани со случајот, по што ќе се утврди каков дипломатски одговор ќе следи. Според него, првичните информации што ги имаат институциите предизвикуваат сериозна загриженост.

„Од институционален аспект, наша обврска е темелно да провериме какви информации стојат зад оваа одлука. Но, она што засега го гледам навистина ме изненадува и разочарува. Станува збор за постапка на земја членка на Европската Унија кон наш државјанин кој, според сите информации, ја вршел својата професионална должност, заштита на правата на македонските граѓани пред европските институции“, нагласи Муцунски.

Тој потсети дека Македонија и во минатото се соочувала со слични ситуации со соседни држави, но тие биле решавани преку дипломатски канали. Како што истакна, и во овој случај Министерството ќе ги разгледа сите можни механизми за реакција.

Министерот додаде дека е особено разочаран од ваквата постапка, нагласувајќи дека санкционирањето на адвокат кој ја извршува својата работа испраќа проблематична порака.

„Не сакам да верувам дека Европската Унија би поддржала вакви ретроградни чекори и практики. Нашата должност како институции е јасно да го изразиме ставот на државата, но и да најдеме начин да ги заштитиме правата на Менкиновски“, порача Муцунски.

Самиот Менкиновски, претходно соопшти дека властите во Софија му изрекле десетгодишна забрана за влез во Бугарија. Тој ја оцени мерката како скандалозна и политички мотивирана, тврдејќи дека претставува директен притисок врз неговата работа како адвокат.

Според него, забраната е обид за негово замолчување поради ангажманот како правен застапник на Македонците во Бугарија во постапките пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Related Posts

Македонец од Жупа на чекор до Советот на Венеција

04.04.2026

Пендаровски: Без длабоки промени, СДСМ ризикува исчезнување

04.04.2026

Македонската армија ќе набави ново американско оружје

04.04.2026

Цветановски се враќа во обвинителството, предметот за бонусите во СЈО повторно на разгледување

04.04.2026

Сонце па ветер до 70 км/ч и локален дожд – еве какво време нè чека денес во Македонија

04.04.2026

Антова Пешева удри по Ристоска: Каде беше доблеста порано?

03.04.2026

Препорачани Вести

Тоневски со новогодишна честитка до граѓаните на Пробиштип

3 месеци ago

Инцидент кај Автобуската станица во Тетово – МВР со детали

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Безживотно тело пронајдено во Вардар – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Погодена иранска нуклеарна електрана: Се огласи меѓународната агенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од специјалец во ЕСЗ ТИГАР до музичар со АНГЕЛСКИ ГЛАС (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Влада најавува намалување на акцизите: Бензините поевтинуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Горан Герасимовски ја зајакнува соработката со Стари Град, Белград во култура, спорт и образование

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.