ИФТАР – ОК на МК Чаир
Во духот на почитта, заедништвото и меѓусебното разбирање, Општинскиот комитет на Македонски Концепт – Чаир организираше заеднички ифтар за нашите членови и пријатели припадници на исламската вероисповед.
Оваа вечер не е само заедничка трпеза, туку и силна порака дека Македонија може и мора да се гради како дом на почит, човечност и достоинство за сите. Во време кога многумина се обидуваат да не делат, наша должност е да покажеме дека вистинската сила е во ОБЕДИНУВАЊЕТО, меѓусебната почит и во искреното внимание еден кон друг.
Македонски Концепт останува посветен на вредностите на ВЕРСКА ТРАДИЦИЈА, ФУНДАМЕНТАЛИЗАМ и ВЕРБА ВО БОГА, преку заедништво, меѓусебно уважување и општествена кохезија.
Различностите не се пречка, тие се богатство кога се живеат со искреност и почит.
Им посакуваме на сите верници од исламска вероисповед мир, здравје, благосостојба и духовна исполнетост во овие свети денови.
Заедно за Македонија на почитта, редот и заедништвото.
…














