недела, април 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Битола дел од програмата на „Танц Фест 2026“

by Redakcija
13.03.2026
in Република

Во Битола денес е потпишан договор за соработка помеѓу Општина Битола и Интерарт културниот центар, за програмата на Танц Фест 2026 која ќе се оддржи на неколку локации низ градот.

За прв пат Танц Фест ќе има официјално затварање во Битола, кое ќе се случи на сцената на Народниот театар во Битола.
Фестивалската програма во Битола започнува со експериментално отворање, во соработка со Францускиот институт и Месецот на франкофонијата, со претставата “Процеп” на француската компанија “Ка-данс” која го истражува односот помеѓу современиот танц и новите технологии, додека 5 мај ќе биде резервиран за спектакуларното затворање со претставата “Будење” на Скопје танцовиот театар.

Битола ќе биде домаќин на дел од VR програмата на Танц Фест, која ќе се реализира во април, нудејќи на публиката уникатно искуство на современи танцови продукции во виртуелна реалност. Овие проекти ја отвораат сцената за нови форми на перформативна уметност, каде танцот се спојува со дигиталните технологии и им овозможува на гледачите поинаков начин на доживување на движењето и просторот.

Со оваа соработка, Битола се поставува на фестивалската мапа, како еден од лидерите кои ги препознаваат новите технологии во изведбените уметности.
Соработката воедно придонесува за децентрализација на културните настани и отворање на нови можности за локалната публика да се запознае со современите светски текови во танцовата уметност.

Танц Фест Скопје веќе 22 години претставува една од најзначајните платформи за современ танц во регионот, носејќи во Македонија реномирани уметници и продукции од Европа и светот, како и поддржувајќи нови генерации домашни автори и танчери.

Related Posts

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош повторно мета на вандализам

03.04.2026

Општина Пробиштип: Одбележани 82 години од нападот на рудниците „Злетово“

03.04.2026

Коњановски на средба со Азески: Инфраструктурата клучна за развој на регионот

03.04.2026

Проданоски: Прилеп влегува во интензивна градежна трансформација

03.04.2026

ЈКП Водовод Битола ги поттикнува младите да ја чуваат природата

03.04.2026

Извештај за 2025: Битола пример за транспарентност и институционален интегритет

04.04.2026

Препорачани Вести

СНЕЖЕН БРАН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА

2 месеци ago

Нема бегање од камерите на “Сејф Сити” : Најголемата глоба 400 евра, најмалата 20 – запознајте се со казните кои ќе важат од 1 февруари

2 месеци ago

Популарни Вести

  • ЕЛИТНА АКЦИЈА ВО СРЦЕТО НА ИРАН: Единицата „Фоки“ и ЦИА извлекоа офицер во спектакуларна операција под оган

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денеска е Цветници – Православните христијани го одбележуваат влегувањето на Исус Христос во Ерусалим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата инвестира 1,5 милиони евра во кибер безбедност – се формира нов центар за одговор на напади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска-Давкова со честитка до верниците Католици  по повод Велигден: Порака за надеж, солидарност и заедништво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворен потегот од Стара Рампа до Црвен Крст во Скопје –- сообраќајот пренасочен по алтернативни рути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.