петок, април 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Околу 30% од македонските онлајн купувачи пријавиле проблеми со е-шопингот

by Simovski
13.03.2026
in Економија
Околу 30% од македонските онлајн купувачи пријавиле проблеми со е-шопингот

Онлајн купувањето станува сѐ почеста навика, но искуството не е секогаш без проблеми. Најновите податоци од истражувањето на Евростат за 2025 година, посветено на користењето на информатичко-комуникациските технологии, покажуваат дека значителен дел од купувачите се соочиле со потешкотии при нарачките преку интернет.

Во Македонија, речиси три од десет лица кои купувале онлајн, односно 29,41 проценти, изјавиле дека имале одреден проблем додека нарачувале преку веб-страници или мобилни апликации. На ниво на Европската Унија ситуацијата е уште поизразена: повеќе од една третина од е-купувачите, или 35,4 проценти, пријавиле непријатности при интернет-пазарувањето.

Разликите меѓу европските држави се значителни. На врвот на листата според процентот на корисници со негативно искуство се Малта, каде дури 64 проценти од купувачите се пожалиле на проблеми, потоа Холандија со 57,9 проценти и Луксембург со 51,4 проценти. Од друга страна, најмалку поплаки има во Португалија, каде што само 4,5 проценти од купувачите наишле на потешкотии. Ниски стапки се регистрирани и во Грција (10,6 проценти) и Летонија (13,3 проценти).

Кога станува збор за природата на проблемите, најчесто се споменува доцнењето на пратките. Речиси секој петти испитаник, односно 19,9 проценти, изјавил дека производот пристигнал подоцна од ветениот рок. Вториот најчест предизвик се однесува на самите платформи за купување, 11,5 проценти од корисниците посочиле дека веб-страниците биле тешки за користење или функционирале лошо. На третото место се наоѓаат грешките во испораката: 10,4 проценти од купувачите добиле погрешен или оштетен производ.

Related Posts

Глобалната енергетска криза го менува секојдневието на пет континенти

Хаос со цените на нафтата пред преговорите меѓу САД и Иран

10.04.2026
Индексите на Волстрит во плус и покрај геополитичката неизвесност

Индексите на Волстрит во плус и покрај геополитичката неизвесност

10.04.2026

Македонија со пониски цени на горивата од европскиот просек: Во ЕУ, дизелот поскап за 30%, бензинот за 15%

10.04.2026

Алкалоид, НЛБ и Макпетрол меѓу најликвидните – блок со Пивара Скопје од 2,58 милиони денари

10.04.2026

Вкупен промет од 12,59 милиони денари, најголем пад кај Комерцијална банка (–4,09%), ОМБ непроменет

09.04.2026
Засилени контроли од УЈП: Бензинските пумпи должни да ги прилагодат фискалните системи по новата ДДВ мерка

Еве кои сектори ќе бидат во фокус на УЈП – Објавен е планот 2026 – 2027

09.04.2026

Препорачани Вести

Концертот на Бен Вилер го отвора одбележувањето на 35 години „Канал 103“

Концертот на Бен Вилер го отвора одбележувањето на 35 години „Канал 103“

2 месеци ago

Алберта меѓу Отава и Вашингтон: Трамп и тајните разговори

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Стадионот „Петар Милошевски“ е гордост на Битола и еден од најубавите на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Починат 65-годишен маж пронајден во продажен објект на Бит Пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Десет возачи лишени од слобода во едно деноноќие за безобѕирно возење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу девојки во Карпош: 18-годишна девојка приведена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најфреквентни Табановце и Богородица: Повеќе од 16.000 македонски граѓани ја напуштиле државата во последните 24 часа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.