По пробивањето на патот до планинското село Галичник, екипите моментално работат на дорасчистување на критичните делови кај Смрдливи вирови и Фрчец. Од таму предупредуваат дека и покрај отворањето на патот, возачите мора да бидат внимателни и да ја зголемат претпазливоста. На некои делови сè уште се присутни поголеми снежни наноси, а нестабилните временски услови може да предизвикаат и одрони.
Временската прогноза за следната недела носи нови предизвици, особено во среда се очекуваат свежи врнежи од снег кои можат повторно да ја влошат состојбата на патот.
Надлежните институции ги повикуваат граѓаните да се информираат навремено: во случај на промени во патните услови, јавноста ќе добие известување најмалку 48 часа однапред.












