Скопјанец уапсен затоа што нападнал вработен во продавница во Радишани.
– На 20.03.2026 во 08:45 часот во Полициската станица Чаир, полициски службеници го приведоа Т.С.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 08:00 часот во продажен објект во Радишани физички го нападнал вработениот Б.М. од Скопје, информираа од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.












